Скопје 30. April 2019. / 19:08

За 1 Мај во Скопје посебен сообраќаен режим

За 1 Мај во Скопје посебен сообраќаен режим

Поради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, по повод Денот на трудот, утре, 1 мај, од 11 часот во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим .

Предвидено е маршот да почне пред зградата на ССМ на ул. Мирче Ацев со движење: лево по ул. Филип Втори Македонски, десно по ул. 11 Октомври, право по ул. Димитрие Чуповски, десно по ул. Васил Главинов, право по бул. ВМРО, лево по бул.Илинден до пред објектот на  Влада на РСМ во Скопје.

Од  тие причини сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници во централното градско подрачје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.