Од Град Скопје информираат дека во недела поради одржување на две манифестации ќе се воведе привремен сообраќаен режим на повеќе сообраќајници во различни периоди од денот.
Во периодот од 12 до 12:30 часот, поради одржување на манифестацијата „Скопје на точак 2018“, ќе се воведе сообраќаен режим по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедското дефиле, информираат од Град Скопје.
-Возењето велосипед ќе се одвива по булевар Илинден, од фонтаната „Лотосов цвет“ до крстосницата со улицата Љубљанска (кај ТЦ „Скопје Сити Мол“), потоа по улицата Љубљанска и улицата Московска (студентски дом „Гоце Делчев“). Возењето понатаму продолжува по булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, преку улицата Димитрие Чуповски и улица 11 Октомври, до крстосницата со булеварот Кочо Рацин. Караванот продолжува по булевар Кочо Рацин, булевар Крсте Петков Мисирков, кај ТЦ „Мавровка“ продолжува по булевар Гоце Делчев и завршува на булеварот Илинден кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градски парк- се наведува во соопштението на Град Скопје.
Наведените улици, информираат од градот ќе бидат користени околу 30 минути и ќе бидат времено затворени кога ќе се движи караванот, со исклучок на булеварот Илинден, кој на потегот од фонтана „Лотосов цвет“ до крстосницата со улицата Франклин Рузвелт ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 11:45 до 12:10 часот.
Во дадениот период автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 8 и 15а ќе бидат пренасочени по булевар Партизански одреди и улицата Франклин Рузвелт и понатаму продолжуваат по своите траси, додаваат оттаму во соопштението.
– Вториот настан во недела е одржувањето на атлетска трка „13 Ноември“, поради која ќе се затворат неколку сообраќајници во централното градско подрачје и тоа во периодот од 15 до 16 часот. Трката ќе се одвива по следната траса: улица Филип Втори Македонски од хотел „Холидеј Ин“ до крстосницата со улица 11 Октомври, по улиците 11 Октомври и Димитрие Чуповски до крстосницата со улица Даме Груев (кај ТЦ „Палома Бјанка“). И поради овој настан ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег- велат од Град Скопје.
-Во дадениот период автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50 ,57 и 59 од Бит-пазар ќе се движат право по булевар Кочо Рацин (Југо дрво), улица Кирил и Методиј (Рамстор) и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев зад Собрание, улица 11 Октомври, булевар Кочо Рацин и продолжуваат по своите траси. Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 3, 3A, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 24, 25, 25А и 27 ќе се движат по булевар Кочо Рацин, улица Кирил и Методиј (ТЦ „Рамстор“) и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улица Даме Груев, зад Собранието на РМ и ќе продолжат по своите траси. Автобусите кои ја опслужуваат линија број 16 од Бит-пазар ќе се движат право по булеварот „Кочо Рацин“ (Југо дрво) и ќе продолжи по своја траса и во двете насоки. Во дадениот период автобусите кои ја опслужуваат линијата со број 17, ќе бидат пренасочени преку булеварот Кузман Јосифовски Питу, по булевар Крсте Мисирков и ќе продолжи по својата траса- се наведува во соопштението на Град Скопје.
Од градот преку своето соопштение ги повикаа сите ученици во сообраќајот да се придржуваат на регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници или други овластени службени лица, како и на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.