Скопје 26. ноември 2018. / 21:52

Возачите на приватната 19-ка на протест

Возачите на приватната 19-ка на протест

Автобусите од приватната компанија „Мак Експрес” кои се движат на линијата број 19 во Скопје денеска протестираа, оставајќи ги автобуските станици полни со патници. Бараат да се промени возниот ред на линиите каде што сообраќаат и возила на јавното претпријатие, за кои тврдат дека не го почитуваат возниот ред. Приватните превозници бараат нивни возила да сообраќаат почесто, објави АлсатМ.

– Ние како приватници поседувавме 16 приватни автобуси, а 12 се државни, Сега работиме само со распоред од 12 автобуси. Жителите на Шутка кои ги транспортираме и од општината Чаир, се навистина многу, имаме проблеми на станиците бидејќи времето меѓу два автобуса е предолго. Порано возевме на секои 7 минути, а сега на секои 11 или 14 минути. Автобусот се полни за три станици и потоа другите патници кои чекаат на четвртата станица се бунат против нас. – рече Енвер Амети, возач на автобус.

– Од 10 до 17 часот не доаѓаат, недостасуваат и поради тоа ние имаме големи проблеми со народот кој не го знае овој проблем и нè обвинуваат нас. Има и такви кои ни ги кршат прозорците… Сите мислат дека ние сме проблемот, а велам – ние не сме проблемот. – рече Узеир Амети, возач на автобус.