Министерството за здравство соопшти дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтериte им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ Клиничкиот центар во Скопје, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа.
– Во изминатите 10 дена дена 3.168 лица од волонтерите побарале помош на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека пациентите навистина чувствуваат бенефит од оваа мерка, посочуваат од Министерството.
15 Волонтери pодготвени се брошури и флаери на кои има основни информации за нивниот ангажман, но и мапа каде се наоѓаат Клиниките за онкологија, гинекологија, инфективна, кардиологија, за детски болести, хируршки и интерни клиники, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.
Едни од волонтерите, Андриана и Сања велат нивниот ангашман е од хуман аспект, а преку проектот им помагаат на пациентите полесно да ги најдат одделите и докторите.
– Пациенти ни приоѓаат и нè поздравуваат, велејќи дека оваа мерка e неопходна. Ќе продолжиме да се вклучуваме во секој проект, кој значи олеснување во работата, бидејќи е корисно за сите, велат Андриана и Сања, волонтери на Црвениот крст.
Како дел од заеднички проект од Министерството за здравство соопштуваат дека се извершени истражувања по клиникјата која покажала дека пациентите имаат проблем со снаоѓањето во комплексот.
– На овој начин им овозможуваме полесно да ги најдат одделите и докторите, а со тоа и побрзо да ја добијат неопходната здравствена услуга. Оваа форма на помош функционира и на други клиники во Европа и од тамошната јавност е препознаена како добра практика, информираат од Министерството за здравство.