Скопје 18. април 2020. / 14:15

„Водовод“ овозможува плаќање сметки и ажурирање на состојбата на водомерот преку мобилна апликација

„Водовод“ овозможува плаќање сметки и ажурирање на состојбата на водомерот преку мобилна апликација

ЈП Водовод и канализација – Скопје, следејќи го технолошкиот развој овозможува пристап до своите услуги на брз, лесен и едноставен начин, со воведување на мобилна апликација.

. Мобилната апликација е достапна за „Android“ и „IOS“.

Со инсталирање на апликацијата имате можност да се регистрирате како електронски корисник и преку мобилната апликација да пристапите до вашиот кориснички профил, да направите преглед на регистрираните кориснички броеви и доколку имате потреба да додате нов или да ги ажурирате вашите податоци. Со користење на мобилната апликација имате едноставна можност за плаќање на вашите фактури како и за пријава односно ажурирање на состојбата на вашиот водомер, само со внесување на бројот на водомерот и слика од истиот. Со мобилната апликација на ЈП Водовод и канализација – Скопје имате можност брзо, лесно и едноставно да пријавите дефект, но и да се информирате за тековните работи на терен, дефектите, новостите и известувањата дадени од претпријатието. Доколку сакате да нè посетите, искористете ја мапата во прилог на мобилната апликација и направете го тоа без проблем – велат од Јавното претпријатие.

Од претпријатието им препорачуваат на корисниците своето време да го користат разумно и да ја превземат нивната мобилна апликациија.