Скопје 29. август 2018. / 15:26

Во Зоолошката градина во Скопје се реконструираат живеалиштата

Во Зоолошката градина во Скопје се реконструираат живеалиштата

– Со реконструкција на живеалиштето на жирафите денеска започна проектот за реновирање и реконструкција во Зоолошка градина Скопје. Работите почнаа од живеалиштето на жирафите, а ги изведува градежната фирма „АД Карпош“ која е и донатор на реновирањето.

– Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот „Европска Зоолошка“, изјави директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.