Скопје 08. јули 2018. / 09:53

Во скопската зоолошка градина се роди Бамби

Во скопската зоолошка градина се роди Бамби

,,Ни се роди бебе 
Малото преслатко Бамби е старо само неколку дена, а освен мајката за него се грижат и другите срни во групата. Да ни е живо и здраво“!

Ова е објавата на официјалната Фејсбук страница на Скопје/ЗОО Зоолошка градина Скопје.

Неодамна фамилијата лемури доби нови играчки.

-Горди сме на нашите зоо негуватели кои се големи креативци и постојано ги изненадуваат животните со нови интересни содржини во нивните живеалишта, пишуваат од Зоо-Скопје.