Скопје 12. ноември 2018. / 23:03

Во Скопје загаденоста е четири пати над дозволеното

Во Скопје загаденоста е четири пати над дозволеното

Скопје и вечерва се гуши во загаден воздух. Во неколку скопски општини регистрирани се екстремно високи концентрации на ПМ 10 честички. Имено кај Ректорат се измерени 206 милиграми на еден кубен метар, во Карпош 191 , додека во Центар 171 милиграми на еден кубен метар.

Високи концентрации на ПМ 10 се измерени и во Куманово, Струмица и Битола. Така што во Струмица се измерени дури 321 милиграми на еден кубен метар, во Куманово 254 и Битола 206 милиграми на еден кубен метар.

Дозволената граница на ПМ 10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.