Откако во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 136 нови случаи на позитивни со корона вирус, од кои 46 се во Скопје, во моментов во главниот град има 1.830 активно заболени лица од Ковид-19.
Според информациите по општини, најголем број од заболените се од Чаир (300), понатаму Гази Баба со 189 активни случаи, Аеродром – 159 и Карпош со 140.
Следни се Центар и Бутел со 138 и 131 активни случаи, а зад нив се Сарај (120), Студеничани (110), Кисела Вода (108), Ѓорче Петров (105) и Шуто Оризари со 79.
Во Арачиново засега има 43 заболени, Илинден – 23, Петровец-18, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 9, Зелениково – 14.
Како нераспределени по општини се водат 128 лица од Скопје кои се заразени со коронавирус.