Скопје 14. јули 2018. / 16:44

Во Македонија е отворен првиот центар за заштита од сексуално насилство

Во Македонија е отворен првиот центар за заштита од сексуално насилство

Денеска во Куманово е отворен првиот Центар за заштита од сексуално насилство во државата. Вакви центри ќе добијат и Скопје и Тетово, на иницијатива на УНДП и УНФПА.

„Кога ги споредувавме условите кои ги предвидува Истанбулската конвенција и она што во реалноста постои во Македонија, навистина бевме шокирани што во државата нема ни еден центар каде што жртвите на сексуалното насилство можат да се обратат, да добијат здравствена заштита и да бидат сослушани од полицијата. Наместо да добијат помош и поддршка на едно место, жртвите досега мораа да патуваат на различни места да одат во различни канцеларии и постојано да ја раскажуваат истата приказната што им се случило и да се чувствуваат понижени, да не им се верува, а некојпат и да се чувствуваат виновни за чинот што се случил против нив“, изјави Лујза Винтон, претставничка на УНДП во Македонија.

Според неа, една токму тоа е една од причините поради кои, многу мал број жени се решаваат да го пријават сексуалното насилилство. Центарот е сместен во поранешните простории на хируршкото одделение во Општата болница, а ќе го опслужуваат обучени тимови од гинеколози, психолози, социјален работник и други здравствени работници.

Проектот е поддржан е од министерствата за труд и социјална политика, здравство, МВР, УНДП, УНФПА и граѓанската организација ХЕРА.