Во изминатите 24 часа во ковид–центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника три во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени девет оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 14 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести 3 пациенти, а на ОРЛ 11 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.
Вкупно 287 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 179 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.