Ако пред еден месец општина Чаир држеше рекорд по бројот на новозаразени и активни случаи, сега веќе во оваа општина бројот почна да се намалува. Вака покажуваат анализите на ТВ21, во кои се забележува дека на 30 јуни имало 435 активни случаи, а сега по 4 недели, бројот на активни случаи изнесува 271 случај.
Во меѓувреме друга општина која бележи пораст на активните случаи последнава недела е општина Аеродром во која во моментов има 212 активни случаи, а трендот на пораст започна кон средината на јули.
И во општина Кисела Вода има зголемување на бројот на активни случаи изминатава недела.
Друга општина која е специфична во овие моменти е општина Кавадарци. Овде најголем број од заразените се на возраст од 18 до 40 годишна возраст. Во оваа општина денеска одржа седница Кризниот штаб на која е одлучено за неколку превентивни мерки кои ќе започнуваат да се практикуваат од вечерва.
Јанчев вели дека граѓаните од Кавадарци се имаат опуштено повеќе од потребното, кафулињата и ноќните клубови се полни и не се почитуваат протоколите за заштита од коронавирусот. Оваа општина формираше и екипа која ќе ги следи социјалните мрежи каде младите објавуваат слики од настаните и вели дека ќе постапуваат според законот.
Во последните 24 часа, 6 пациенти починале од коронавирус. Денеска се регистрирани 128 нови случаи. Најмногу во Скопје, 52, загрижувачка е состојбата и во Штип со 29 а потоа следат:
Нови случаи со Ковид-19
Скопје – 52 случаи
Штип – 29
Гостивар – 13
Кавадарци – 10
Куманово и Тетово – 6
Битола, Прилеп и Виница – 2
Свети Николе и Пробиштип по 1 случај
Вкупниот број на заразени во земјава во земјава достигна 10.213 додека бројот на оздравени 5564. Битката со коронавирусот ја загубиле 466 пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 4183.