Скопје 29. јули 2018. / 09:21

Внимателно возете на булеварот Илинден, во тек се градежни работи

Внимателно возете на булеварот Илинден, во тек се градежни работи

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека од денеска екипи на Акционерското друштво ГА-МА Скопје, на дел од булеварот Илинден, во фази ќе се вршат градежни работи за изведување гасоводна мрежа, па на потегот од крстосницата со булеварот 8 Септември во насока на движење кон улицата МАНАПО во близина на „Сити мол“, ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Привремениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи за изведба на гасоводната мрежа на овој дел од булеварот Илинден.