Скопје 21. ноември 2019. / 15:47

Влегуваат ли во шема Златко Марин и инвеститорот од кај Мајчин дом?

Влегуваат ли во шема Златко Марин и инвеститорот од кај Мајчин дом?

Откако се обележа плацот во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“ во Острово на улицата 23 Октомври“, а багер почна да го расчистува теренот со уривање на остатоците од некогашната самопослуга на „Центро“, од партијата Левица потсетуваат дека за оваа локација во април општината изјави дека дрвјата се сечат затоа што претставуваат опасност.

Неколку месеци подоцна Фатмир Етеми е главен инвеститор во Аеродром, велат од партијата.

Ако се погледне Катастарот, делот од 3.3 со стара „Славија“ се води како парцела број 242/2. Имотниот лист е на Друштво за производстсво, трговија и услуги САФ Комерц Увоз-Извоз Скопје. Тоа го потврдува и градежната табла, каде „САФ Комерц“ е впишан како инвеститор, „Мујо Бајрами“ е изведувач, а проектант – „ГМС-Проект“.

фото: партија Левица

Седиштето на компанијата САФ е на истата адреса со компанијата ЗСФ.

Вчера работниците ги поставија тарабите, а теренот се спрема за новата градба и покрај протестите на родителите на учениците во уличиштето и граѓаните кои живеат во околината.

Одобрението за градба од Општина Аеродром е издадено минатиот месец.

Со ова, градоначалникот Златко Марин не одржа уште едно предизборно ветување. Пред локалните избори тој вети дека нема да дозволи да се гради нова зграда на овој плац. А, за таа цел станарите од блиските згради собираа и потписи. Со ДУП-от беше предвидено изградба на осумкатница. Но, очигледно потписите и заложбите на Марин биле со цел само да се добијат изборите.