Инспекција на општина Центар изминатите денови спроведе акција за отстранување на диво поставените тезги и дивите препродавачи околу „Зелен пазар“.
Од општината велат дека на акцијата претходеле опомена и известување, меѓутоа и покрај тоа дел од дивите препродавачи продолжиле со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот.
„Сите затекнати диви препродавачи се санкционирани согласно законите и правните регулативи.
Оваа акција се спроведува по барање од граѓаните и нивните пријави дека им е отежнато движењето и пристапот до своите влезови. Веќе подолго време во овој дел од Центар постои реална опасност од ширење на заразни болести, која се должи на препродажбата на производи во нехигиенски услови“, соопшти општина Центар.