Скопје

Владо Јаневски со голем концерт на 1-ви јуни

Владо Јаневски со голем концерт на 1-ви јуни

Како што не известуваат нашите соработници од Авалон продукција, нашиот познат македонски музички бренд Владо Јаневски ја обнови соработката со Авалон продукција после пауза од десет години. Како резултат на сето тоа, Авалонци со огромно задоволство ви го најавуваат досега најголемиот концерт на Владо Јаневски во неговата музичка кариера, кој што ќе се оддржи на 1-ви јуни на стадионот на АРМ.

Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната “Црно Тиквешко”, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија. Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија и навистина е големо задоволството што токму оваа година и Авалон продукција го одбележува својот јубилеј – 25 години како функционираат во Македонија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени:

  • 500 ден ПАРТЕР
  • 800 ден Фан Пит (само 1.000 влезници)
  • 1.000 ден ВИП

Во продажба ќе биде пуштен и одреден контингент на ВИП пакети кои ќе може да се резервираат телефонски на 078/365-245 (секој работен ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).