Скопје

Викендов повторно прскање против комарци

Викендов повторно прскање против комарци

Првата авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје ќе се одвива викендов, в сабота и в недела, во раните утринските часови.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин“, соопшти Град Скопје.

Градот ги извести пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.