Општина Аеродром вчеравечер објави видео кое имаше неколку грешки при употребата на англискиот јазик.
Периодов, Општина Аеродром промовира европски проект „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Многу е контрадикторно да се промовира европски проект од некои кои ни самите не го знаат англискиот јазик и таков го објавуваат на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Сепак, редакцијата на Лидер успеа да го зачува ова видео и да го објави на социјалните мрежи во својата оригинална форма.
Видеото наиде на десетици коментари со потсмев, па затоа од Општина Аеродром веднаш го избришаа.
Ова се грешките кои ги направи Општина Аеродром при употребата на англискиот јазик.