Прокисна зелениот покрив кој денеска Град Скопје го пушти во употреба.
Според видео снимка која ја објави порталот Република може да се забележи таванот во трговскиот што се наоѓа токму под зелениот покрив, односно под големата фонтана како протекува вода.
Службите во ГТЦ поставиле канти во кои ја собираат водата додека не се санира проблемот.
– После неколку месечна работа, заеднички ангажман со Градскиот трговски центар, а во рамки на меморандумот за соработка со УНДП за отпорен град, лоцирано место ГТЦ, конечно го ставаме во употреба новиот квалитетен јавен простор на скопјани, простор којшто сум убеден дека полека ќе си го заземе своето место во таканаречените скопски приказни и дека тука ќе се раѓаат многу убави спомени за нашите сограѓани, порача Шилегов на денешното пуштање во употреба на зелениот кров.