Скопје 18. декември 2019. / 21:30

(ВИДЕО) Додека се реконструира, низ „Пластичарска“ коли паркира кој каде стигне

(ВИДЕО) Додека се реконструира, низ „Пластичарска“ коли паркира кој каде стигне

Популарната „Пластичарска улица“ на Бит-пазар во Скопје и вечерва беше преполна со купувачи, продавачи и минувачи, поради што беше исклучително тешко за движење, особено за паркирање.

Според видео објавено на мрежата Твитер, од тоа што може да се забележи, возачите ги оставаат своите автомобили каде што ќе забележат празен простор, дури и зад пластичните црвено-бели тараби кои беа поставени како дел од првата фаза од реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Никола Карев“.