Маж и дете во текот на викендот, околу 15 часот, во скопската населба Керамидница истурија неколку вреќи ѓубре, пластика и шут во реката Вардар, објави Телма.
Снимките се направени околу 15 часот во непосредна близина на градилиштето за новиот мост односно спроти спортската сала Јане Сандански.
Мажот прво носи една вреќа полна пластичен отпад и шут и ја истура во реката. Потоа момчето донесува уште една вреќе која мажот ја зема и ја истура во Вардар.