Скопје 28. октомври 2019. / 21:42

(ВИДЕО) Густ црн чад над Визбегово и Шуто Оризари, граѓаните бараат реакција од надлежните

(ВИДЕО) Густ црн чад над Визбегово и Шуто Оризари, граѓаните бараат реакција од надлежните

O2 Иницијатива на Фејсбук објави видео-снимка на која може да се забележи густ црн чад во близина на скопските населби Визбегово и Шуто Оризари.

Од О2 Иницијативата велат дека ова е црна точка во градот каде што жителите дишат токсини, а притоа повикаа и Министерството за внатрешни работи и надлежните испектори да реагираат да се сакнционира загадувачот.

Во бројните коментари на објавеното видео, може да се прочитаат и многу реакции на граѓани кои секојдневно забележуваат чад во овој дел на градот и повикуваат за реакција на надлежните.