Скопје 22. април 2020. / 20:45

(ВИДЕО) Дали по крокодилот и дива овца избега од живеалиштето во скопската Зоолошка?

(ВИДЕО) Дали по крокодилот и дива овца избега од живеалиштето во скопската Зоолошка?

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како дива овца трча по булеварот Илинденска, од правецот на Зоолошката градина кон комплексот Ми-Да.

За среќа, не настанал поголем инцидент бидејќи настанот се одиграл за време на забраната за движење кога речиси и да нема сообраќај по скопските улици.

Ова не е прв пат животно да избега од скопската зоолошка градина. Пред година ипол крокодил избега од своето живеалиште, направил кратка прошетка и влегол во езерото со патките.