Скопје 04. февруари 2020. / 23:20

Ветерот низ Скопје направи хаос: Се расчистуваат паднатите дрвја

Ветерот низ Скопје направи хаос: Се расчистуваат паднатите дрвја

Силниот ветер од 70 километри на час кој дуваше вечерва  низ Скопје зад себе остави пустош. Скршени и паднати  дрвја, кров, превртени контејнери.

Откако ветерот се смири, на терен излегоа комуналните служби кои заедно со екипите од ЈП „Паркови и зеленило” ги расчистуваат скршените гранки, дрвја и предмети од силниот ветер во Скопје.

Од општина Карпош нагласуваат дека акцијата за расичистување ќе продолжи и во утринските часови.

Притоа беше повторен апелот на Град Скопје да се избегнувае паркирање на возилата под големи крошни на дрвја.