Скопје 12. ноември 2019. / 10:00

Утрово најзагадено во Центар – еве како е во другите населби

Утрово најзагадено во Центар –  еве како е во другите населби

Воздухот во Македонија и утрово е загаден, покажуваат мерните станици за квалитет на воздухот.

Мерните станици во земјава покажуваат дека утринава воздухот е најзагаден во Општина Центар.

Потоа следат Ректоратот при УКИМ, па потоа Тетово, Куманово, Струмица и Општина Гази Баба.

Вчера пак, најзагадено беше во Битола каде присуството на ПМ10 честички беше 502 µg/m3, како и во Скопје, каде имаше 151 µg/m3.