Скопје 23. август 2018. / 18:27

Утре сончево и топло, а од недела поројни дождови и грмежи

Утре сончево и топло, а од недела поројни дождови и грмежи
Времето во земјата ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура од 10 до 19, а максималната од 29 до 36 степени. УВ=8.

И во Скопје и околината слично време, сончево со слаб југоисточен ветер. Температура 16 / 34 степени.

Во сабота во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Позначителна промена на времето се очекува во недела попладне и во понеделник, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени.