Поради уличен дефект на ул. Франклин Рузвелт 2, водоснабдување со намален притисок утре ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно на потегот од бул. Партизански одреди до бул. Митрополит Теодосиј Гологанов.
Како што најавуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ до РЦУК-Скопје, санацијата на дефектот ќе се врши од 09:00 часот до завршување со активностите.