Скопје 09. мај 2018. / 16:12

Утре прекинато водоснабдување на неколку места

Утре прекинато водоснабдување на неколку места

На ден 10.05.2018 год.поради реконструкција на водоводна мрежа од ф-100мм на ул.Козле ББ (во близина на бс.Макпетрол) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Козле-висока зона.

Во населбите Жданец и Нерези притисокот на водата ќе биде намален.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот сѐ до завршување.

На 10.05.2018г (четврток) поради поврзување на стара водоводна мрежа Ф-110мм на нова водоводна мрежа Ф-150мм на ул.Антон Велков и ул.Никола Карев во нас.Ченто,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на истите улици од 09:00 час на 09.05.2018г сѐ до санирање.

На ден 10.05.2018г ( четврток) поради реконструкција на ф-400мм во Пумпна Станица Свиларе,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с.Свиларе и с.Кондово од 08:00 часот до 15:00 часот.

На 10.05.2018 и 11.05.2018 (четврток и петок) ќе се започне со чистење и хлорирање на левата комора од резервоар Синѓелиќ. Со работа ќе се започне во периодот од 09:00 па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдување во нас. Синѓелиќ.