Скопје 30. ноември 2018. / 13:50

Утре посебен сообраќаен режим

Утре посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека за утре од 12,00 часот е закажан јавен собир во Скопје.

-Поради тоа ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно истиот ќе биде пренасочен на улицата „11-ти Октомври“ и улицата “Димитрие Чуповски“, потоа на потегот од крстосницата помеѓу улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ до крстосница помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и улицата „ Филип Втори Македонски“. – информираат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.