Без вода утре од 10 часот ќе биде Општина Сопиште, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект шибер Ф 150 на улица 13 во Сопиште и ќе трае сѐ до санирање на дефект.
Без вода утре ќе бидат и корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Људевиг Гај“, „Радњанска“ и сите кафеани на улица „Боемска“ во Центар.
Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето на улиците во Центар е поради уличен дефект на улица „Дебарца“ бр.58, ќе започне во 8 часот и ќе трае до санирање на дефектот.