Скопје

Утре без вода делови од Скопје

Утре без вода делови од Скопје

Заради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 мм на ул. „Димитрие Чупоски бб“ (пред Просветно Дело), утре без вода ќе бидат делови од општина Центар.

Како што соопшти РЦУК прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, а без вода ќе бидат корисниците од ул. „Димитрие Чупоски бб“ на потегот од гимназијата Јосип Броз Тито до ул. „Никола Вапцаров“, во општина Центар.