Скопје 06. август 2018. / 17:04

Утре без вода дел од корисниците на улица „Пушкинова“

Утре без вода дел од корисниците на улица „Пушкинова“

Поради изведување на водоводен приклучок од Ф 125 мм, на улицата „Пушкинова“ бб, без водоснабдување утре ќе останат корисниците од оваа улица во населба Кисела Вода, во истоимената општина.

Како што соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.