Скопје 27. август 2019. / 10:21

Утре бесплатен паркинг во Центар

Утре бесплатен паркинг во Центар

Паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар утре ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Од Претпријатието наведуваат дека повод е одбележувањето на претстојниот празник „Успение на Пресвета Богородица“ (Голема Богородица).

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 29.08.2019 година (четврток) со вообичаено работно време.