Скопје 07. ноември 2020. / 16:08

Универзална сала ќе се реконструира: Јајцето е добар проект, кажа министерката за култура

Универзална сала ќе се реконструира: Јајцето е добар проект, кажа министерката за култура

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува следната концертна сезона Универзалната сала да биде готова за одржување на концерти.

Со обезбедените буџетни средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на Универзална сала, порача на прес-конференција по тој повод, скопскиот градоначалник. Најави дека ќе биде задржан автентичниот изглед, а на ваквиот чекор се одлучиле после поддршката која што јавноста ја даде за идејата салата да се зачува во постојната форма и на постојната локација.

-Изградбата на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно собраќајни решение за пристап и ред други технички стандарди од ваков тип е нешто што мора да му се случи на Скопје, час поскоро, рече Шилегов.

На настанот присуствуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, која наведе дека тие како институција работат на новиот буџет за 2021 година и дека планират за следата година да започне изградбата на новата концертна сала во Скопје.

-Постојат повеќе готови проекти за изградба на нова коцертна сала. Јас сум за проектот ‘Јајце‘, зошто да не, тоа е работен проект, подготвен. Но, исто така разгледуваме и други можности, изјави Стефоска.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2020 година, Владата за овој култен објект во Скопје, одвои средства во износ од 120 милиони денари.

Таа потсети дека Универзалната сала е изградена со финансиска помош од повеќе држави меѓу кој Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јемен, Сирија, Турција и многу други. Според неа, овој објект ќе остане траен симбол на меѓународната човечка солидарноста на обновата на Скопје на 26 јули 1963 година.