Скопје 21. јануари 2021. / 10:04

Улиците „Радишанска“ и „АФЖ“ денеска без вода

Улиците „Радишанска“ и „АФЖ“ денеска без вода

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улица „АФЖ” и „Радишанска”, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето, како што е наведено во соопштението, е поради дефект на приклучна водоводната цевка Ф 3/4″ на ул.„АФЖ “14 и ќе трае до завршување на работата.