Скопје 14. февруари 2020. / 15:38

Украдена справа од детското игралиште во ОУ Живко Брајковски во општина Бутел

Украдена справа од детското игралиште во ОУ Живко Брајковски во општина Бутел

Непознати сторители насилно извадле и однеле инклузивна справа од новоизграденото детско игралиште во дворот на основното училиште Живко Брајковски.

Како што информираат од општина Бутел, со кражбата е направена штета од околу 60 илјади денари.

Од општината додаваат дека минатата недела во дворот на истото училиште имало и обид за кражба на новопосадените зимзелени дрвја од хортикултурното уредување на дворот, кој останал неуспешен благодарение на вработените во училиштето.

Во тек е истражна постапка од надлежните органи за пронаоѓање на сторителите.

Општина Бутел најостро ги осудува ваквите постапки и истовремено апелира за подигање на јавната свест со цел зачувување на опшествениот имот.