Пандемијата на коронавирус и загрижувачките бројки на новозаразени луѓе очигледно не ги исплашија граѓаните денеска да ги посетат моловите.
Поради попустите по повод „Black Friday“ (Црн петок), трговските центри во Скопје денеска се преполни, а луѓе во голем број чекаат пред продавниците за да влезат внатре.
На социјалните мрежи кружат фотографии од метежот пред продавниците, а јавноста повторно се прашува само едно: „дали се почитуваат заштитните мерки за коронавирусот?“.
Како што знаеме меѓу актуелните заштитни мерки, освен задолжително носење на заштитна маска е и да нема групирање на јавен простор на повеќе од четири лица.