Скопје 25. јануари 2021. / 21:20

Трајановски: Шилегов знаеше дека Треска не е во надлежност на Град Скопје, со лаги победи во 2017 година

Трајановски: Шилегов знаеше дека Треска не е во надлежност на Град Скопје, со лаги победи во 2017 година

Пранешниот градочалник на Град Скопје, Коце Трајановски во Филибастер на Радио Лидер зборуваше за уривањето на објектите околу езерото Треска, кое наиде на гласни негодувања од граѓаните.

„Шилегов по медиумите кажива дека Градот Скопје со одлука на Совет надлежноста за Треска ја додели на општина Сарај. Не е точно, ноторна лага“,рече Трајановски.

Тој појасни дека во 2013 година со одлука на Владата, Езерото Треска е префрлено на општина  Сарај.

За да сега, додаде Трајановски, оваа Влада донесе одлука за пренамена од земјоделско во градежно земјиште за да може да гради згради, хотели…“,

„Шилегов пред изборите јавно кажа – Ние ќе го ревитализираме езерото Треска. Кога се појави таму знаеше дека тоа е под надлежност на општина Сарај. Тој сметал дека се коалициони партнери со ДУИ ќе го врати езерото во надлежност на Град Скопје и дека ќе го ревитализира. Тоа е државен проект, не е на Град Скопје и државата ќе треба да се грижи, а ги собра гласовите во 2017 година врз основа на тие лаги. Ако ја земеме изборната програма од сето што се вети, само еден е направен“, појасни Трајановски.