Скопје 25. јануари 2021. / 20:53

Трајановски: Луна паркот можеше да биде готов уште 2018 година, Шилегов проектот го чува во фиока

Трајановски: Луна паркот можеше да биде готов уште 2018 година, Шилегов проектот го чува во фиока

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, во гостување на Радио Лидер откри дека доколку актуелниот градоначалник Петре Шилегов продолжел со проектот за Луна парк, кој го започна претходната администрација, во тој случај жителите на Скопје уште во летото 2018-та веќе ќе можеа да ги користат седумте реквизитите кои се набавени, а денеска се чуваат по магацини или се уште стојат кај добавувачите.

Трајановски  рече дека после два неуспешни тендери за јавно приватно партнерство, Град Скопје одлучил Луна паркот да го градат самите. Напомена дека притоа во првата фаза направен е тендер за набавка на седум реквизити, три адреналински и четири за најмладите, а партерното уредување веќе било готово уште во декември 2017-та година, еден месец откако завршил неговиот мандат.

Дел од реквизитите, вели Трајановски веќе биле пристигнати, а дел требалода пристигнат. Притоа, додава тој, тендерот кој што бил распишан предвидувал истите да се донесат и монтираат и да се пуштат во употреба од страна на добавувачот.

– Ако го продолжеше ова, во тој случај жителите на Град Скопје во 2018-та година, во летото, веќе ќе можеа да ги користат благодетите од овие реквизити, изјави Трајановски, додавајќи дека имало план веќе 2018 да се набават уште реквизити, но за жал, вели тој, од некои сопствени пориви, да се избрише се она што било од претходните и да се мисли дека од него почнува Градот Скопје, најмногу изгубиле граѓаните.

Трајановски потенцираше дека секој градоначалник треба да продолжи онаму каде што застанал претходниот, нормално, додава тој, ако е во почетна фаза да не го продолжат, но во завршна фаза да држиш во фиока проект е незамисливо и необјасниво.

Во продолжение целото интервју на поранешниот градоначалник Трајановски.