Скопје 13. декември 2019. / 19:57

Трајановски до Шилегов: Ти оставив готов проект и ти требаа повеќе од две години да почнеш со градба

Трајановски до Шилегов: Ти оставив готов проект и ти требаа повеќе од две години да почнеш со градба

Петре Шилегов ти оставив скоро готов проект за Бул. Никола Карев или Пластичарска и ти требаа повеќе од 2 години да ја почнеш со градба, открива поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски.

Што беше проблемот што не ја започна? Чекаше да се заборави дека ти оставив проект, прашува Трајановски.

Како и да е добро е што конечно реши да почнеш да го реализираш проектот за доброто на граѓаните, пишува поранешниот градоначалник.