Вчера во 19.10 часот во Скопје на ул. „Радишанска“, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Д. (51) удрило во пешак Б.С.(53), и двајцата од Скопје.
Со возило на итна медицинска помош Б.С. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телсени повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.