Скопје 02. декември 2019. / 19:44

Струја нема од Водно до Илинденска поради дефект на трафостаница во Козле

Струја нема од Водно до Илинденска поради дефект на трафостаница во Козле

Поради голем дефект на трафостаница Козле, голем дел од центарот на Скопје остана попладнево без електрична енергија.

Струја нема од Водно до Илинденска. Од ЕВН ја потврдија информацијата, и истакнаа дека се прават напори, потрошувачите да се префрлат на други напојни станици, и се очекува набрзо граѓаните кои се зафатени од овој дефект, да добијат струја.