Поради голем дефект на трафостаница Козле, голем дел од центарот на Скопје остана попладнево без електрична енергија.
Струја нема од Водно до Илинденска. Од ЕВН ја потврдија информацијата, и истакнаа дека се прават напори, потрошувачите да се префрлат на други напојни станици, и се очекува набрзо граѓаните кои се зафатени од овој дефект, да добијат струја.