Скопје

Странските туристи доаѓаат во Скопје, домашните туристи сакаат езеро

Странските туристи доаѓаат во Скопје, домашните туристи сакаат езеро

Градот Скопје е поатрактивно место за странците, додека езерските места за домашните туристи. Според податоците на статистичарите за мај, 16.000 домашни гости имало крај езерата, на над 33000 странски во Скопје.

И домашните и странските гости најмногу отседнувале во хотели со четири ѕвезди. Во оваа категорија стемстувачки капацитети  престојувале речиси половина од сите туристи во земјава. Во мај бројот на туристи во земјава се зголемил за 8% споредено со мај лани.  Бројот на странски гости е пораснат за 11,2%, а домашните само 1,2%

Најголем број од странските гости се од Турција, над 14.000, следат Србите и Бугарите со по околу 5000 гости во мај. Од јануари до март, бројот на туристи е зголемен за 15%, а на странските за 19%.

Трендот на раст во туризмот започна пред десетина година, а особено забрза по воведувањето на евтините летови. Тоа го зголеми и бројот на прелети на аеродормите и од околу 400.000 патници годишно до 2010 година, лани бројот на патници надмина два милиони. Годинава до јуни преку аеродормите во Скопје и Охрид летале милион патници.