Полициски службеници во центарот на Скопје избрка градежни работници од објект за кои велат дека нема дозвола за градба.
Присутен беше и сопственикот Борис Стоjменов кој се скара со полицијата, објави „ТВ21“.
Стојменов за „ТВ21“ вели дека хотелот имал документи, а обвинува и дека му бараат мито од еден милион евра за да можат да продолжат со работа.
Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито – порачува Стојменов.
Имено, Стојменов е поранешен министер за финансии (28 ноември 1998 – 27 декември 1999) во Владата на Љубчо Георгиевски.
По ова на Фејсбук се јави и градоначалникот Богдановиќ кој вели дека инвеститорот самоволно ја отстранил лентата и знакот и продолжил со градба, по што дошло до денешната интервенција со помош на полицијата.