Скопје

„Станете свесен креатор“ – семинар на Бучевиќ во Скопје

„Станете свесен креатор“ – семинар на Бучевиќ во Скопје

Мотивациската говорничка и авторка Ана Бучевиќ која се смета за најдобра, најпопуларна, највлијателна и најчитана на просторите на поранешна Југославија, денеска првпат во Скопје ќе го одржи семинарот „Станете свесен креатор“.

Во организација на Издавачката куќа „Антолог“, семинатор на Бучевиќ ќе биде одржан во хотелот „Холидеј ин“, се почеток во девет часот.

– Можете да привлечете пари, здравје, љубов, изобилство и среќа… Можете да бидете и да имате се што ќе посакате, да бидете креатори на сопствената стварност, наведоа од „Антолог“ по повод семинарот на хрватската мотивациска говорничка.

Бучевиќ почна активно да работи како мотивациски говорник во 2012 година за да ја подигне свеста за дејството на Законот на привлекувањето врз животот на поединците, да ги потсети луѓето на нивната способност за креирање на сопствениот живот. Досега одржала преку 30 семинари во целиот регион и мотивиралa илјадници луѓе кои најдобро сведочат за успешноста на нејзината работа.

Во 2015 година станала и коосновач за Хрватска на академијата „BigU“, меѓународна едукациска он-лајн платформа со најпознатите светски предавачи на подрачјето на деловниот и личниот развој. Активна е и на каналот „Сафари на духот“ на „ју-тјуб“, на кој речиси секојдневно објавува мотивациски видеа. Каналот во моментов брои преку 17 милиони прегледи.

Досега во издание на „Антолог“ се објавени три книги од Ана Бучевиќ: „Сафари на духот – книга за мудроста на воспитувањето деца“, „Во вортексот на остварените желби“ и „Што (не) е љубов.