Станарите од шесткатница во скопски Аеродром на булеварот „Јане Сандански“ се евакуирани, поради неподнослива миризба. Тие ги повикале итните служби зашто не можеле да ја издржат миризбата, што се ширела од објектот, објави Канал 5.
Во зградата се екипи на полицијата и противпожарната служба. Граѓаните се жалат и дека службите не можеле порано да ја почнат интервенцијата, зашто целиот објект е заграден со бетонски столбови и итните служби немале пристап.
Во моментот трае увидот низ зградата, а станарите чекаат надвор.