Скопје 04. февруари 2020. / 21:22

Срушени билборди и кровови во Скопје од силниот ветер

Срушени билборди и кровови во Скопје од силниот ветер

Силен ветар го зафати главниот град. По тивкиот и топол февруарски ден, вечерта донесе силен ветар кој рушеше  низ Скопје. Веќе пристигаат информации за паднати дрвја. Во скопски Карпош е паднато дрво врз автомобил. На социјалните мрежи се појави и предупредување од возачи дека на булеварот „Партизански одреди“ ветарот има паднат билборд.

Во скопската населба Даме Груев силниот ветер откронал покриви, а кус период во населбата немало струја.

И жителите на Волково се соочиле со непријатности од невремето.

УХМР денеска најави силен ветар кој ќе се засилува за време на вечерта.

На социјалните мрежи се појави и фотографија од паднат кров во Карпош 4.

Во неколку скопски општини имаше и откорнати дрвја, паднати  канти за отпадоци и расфрлано ѓубре.