Скопје 04. февруари 2019. / 22:16

Средношколците утре ќе протестираат против загадувањето на воздухот

Средношколците утре ќе протестираат против загадувањето на воздухот

Здружението Средношколски глас, денеска преку социјалните медиуми ги повика сите средношколци утре од 12 до 14 часот, да излезат пред средните училишта и заедно со нив, моќно и единствено да и порачааат на власта дека, Средношколците сакаат ДА ДИШАТ, сакаат здраво општество и чиста и здрава животна средина.

За нашето здравје се работи, порачуваат тие.