Скопје 30. октомври 2020. / 12:57

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Вистински скандал е што наместо оставка на Жарко Караџовски за над 900 починати лица поради КОВИД пандемијата, градот Скопје, Петре Шилегов и власта на Заев му дадоа награда 13 Ноември, реагираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.

Тоа преставува деградирање и омаловажување на самата награда. Заслугите на Жарко Караџовски се тоа што во земјава дневно се заразуваат над 800 лица, Градот Скопје е главен корона кластер и сме држава со убедливо најголем процент на починати лица по глава на жител во регионот, велат оттаму.

Дополнително, додаваат, во составот на комисијата која одлучува за наградата 13 Ноември е и советникот на Зоран Заев Љубиша Станковиќ, што значи советникот на Заев му доделил награда на сатрапот на македонското здравство Караџовски, а Шилегов тоа го одобрил.

Секаде во светот фрштат оставки поради лошото справување со кризата само кај нас делат награди. Петре Шилегов со ова ја деградира наградата 13 Ноември, се вели во реакцијата на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.